Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Гриезман: Освојувањето на Лигата на шампионите е сон

Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид Антоан Гриезман изјави дека освојувањето на Лигата на шампионите за него би било остварување на сонот.

„Освојувањето на Лигата на шампионите е остварување на сонот. Се надевам дека ќе бидам во можност да го подигнам трофејот овој викенд. За да победиме потребно е многу напорна работа и труд, а ние сме подготвени на сè и имаме голема желба тоа да го сториме“, изјави Гриезман за интернет страницата на Европската фудбалска унија. 
Атлетико Мадрид во сабота ќе игра во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Реал Мадрид, а Гриезман изјави дека неговиот тим мора да биде концентриран додека судијата не го означи крајот на натпреварот.
„Мораме да бидеме концентрирани секоја секунда во секоја минута и мораме да дадеме сè од себе како и до сега. Мораме да се трудиме, мораме да ги засукаме ракавите, да створиме голем пресинг и да се обидеме први да постигнеме гол. Мораме да бидеме силни како психички така и физички“, изјави тој.
Во финалето од Лигата на шампионите во 2014 година исто така се сретнаа Атлетико и Реал, а „јорганџиите“ водеа до 93-тата минута со 1-0.
Сепак, Серхио Рамос во дополнителното време се избори за продолженија, па тимот на Диего Симеоне на крајот беше поразен со 4-1, а Реал ја освои 10-тата титула во Лигата на шампионите.

Најнови вести