Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

Банега потврди дека ја напушта Севилја

Евер Банега официјално потврди дека ја напушта Севилја по две години во Андалузија.

Аргентинецот два пати ја освои Лигата на Европа со Севилја, а кариерата ќе ја продолжи во Интер.
„Ова е многу тешка задача за мене. Бев многу среќен во текот на изминатите два години. Ова е тешка одлука, но во животот мораш некогаш да ги донесеш. Мислам дека дресот ми остана на кожата“, изјави Банега. 
Банега има 27 години,а во Севилја пристигна во 2014 година од Валенсија и постигна 12 голови на 92 натпревари.
Претходно беше член на Атлетико Мадрид и Бока јуниорс, со кој го освои Копа Либертадорес.

Најнови вести