Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

Бош на клупата на Ајакс

Некогашниот холандски фудбалски репрезентативец Петер Бош го напушти Макаби Тел Авив и го презема Ајакс, соопшти клубот од Амстердам.

Како што се наведува, Бош потпишал тригодишен договор и на тој начин го наследи Франк де Бур, кој доби отказ откако во последното коло ја загуби веќе видената шампионска титула. Бош како играч најдобар белег остави во Феенорд, додека за репрезентацијата одигра осум натпревари и беше член на шампионатот на Европа во 1992 година, кога Холандија загуби во полуфиналето од Данска по изведувањето на пенали.
Како тренер ги предводеше Де Графшап, Хераклес, Витесе и Макаби.

Најнови вести