Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

Џака и официјално е нов фудбалер на Арсенал

Арсенал го потврди доаѓањето на играчот за врска Гранит Џака од Борусија Менхенгладбах.

„Топчиите“ наводно за швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло платиле 30 милиони евра.
Џака започна во родниот Базел, а во Менхенгладбах стигна пред четири години на 19 годишна возраст.
Во Арсенал стигнува како замена за ветераните Микел Артета и Матје Фламини кои го напуштаат „Емирати“. 
„Горд сум што доаѓам во Арсенал. Едвај чекам да се преселам во Лондон, да се претставам пред клубот и да играм во Премиер лигата. Ќе дадам сè од себе да му помогнам на Арсенал да освојува трофеи и да ги прави среќни навивачите“, изјави Џака.
Во оваа сезона тој постигна три гола на 30 натпревари.

Најнови вести