Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Големата тројка на Кливленд ги демолираше Репторс

Во петтиот натпревар во финалето на Истокот Кливленд го совлада Торонто со 116:78 и поведе со 3-2 во серија.

Кавалирс по два врзани порази станаа посериозни и веќе во првата четвртина направија предност од 18 поени разлика која го најави ваквото сценарио. Експлодираше „големата тројка“ - Кевин Лав постигна 25 поени, Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа по 23, додека на другата страна двоцифрени беа само Демар Дерозен со 14 поени и Кајл Лаури со еден поен помалку. 
На Кливленд сега му е потребен само уште триумф за да се пласира во големото финале, а до него може да дојде во шестиот натпревар во Торонто, кој е на програмата во ноќта меѓу петок и сабота во 2:30 часот. 

Најнови вести