Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Роналдо: Останувам во Реал до крајот на кариерата

Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал Кристијано Роналдо истакна дека сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Нему на крајот на следната сезона му истекува договорот, а се шпекулира дека за него се заинтересирани Манчестер јунајтед и ПСЖ.
„Ќе ја завршам кариерата во Реал и тоа за најмалку 15 години. Планирам да играм до својата 41 година, но ќе видиме дали ќе го продолжам договорот, јас би сакал. За четири години имаше добри и лоши моменти, сега сум среќен. Не гледам подобар клуб од Реал Мадрид“, смета Роналдо.
На стартот на сезоната „галактикосите“ ги водеше Рафаел Бенитес кој не беше омилен меѓу фудбалерите. По серијата од лоши резултати го напушти кормилото на клубот и на клупата седна Зинедин Зидан. Португалскиот крилен фудбалер истакна дека одлично се снаоѓа со некогашниот играч за врска на Реал и Франција. 
„Тој е паметен фудбалер и многу тивка личност. Многу е позитивен и се препознавам во него. Нема многу искуство, но својата работа ја работи одлично“, изјави Роналдо.
На крајот коментираше за претстојното финале во Лигата на шампионите во која „кралскиот клуб“ ќе игра против градскиот ривал, Атлетико Мадрид.
„Ако не ја освоиме Лигата на шампионите тоа би бил голем неуспех, но мислам дека ќе победиме во финалето и дека тоа ќе биде круна на сезоната“, убеден е Португалецот.

Најнови вести