26.5.2016 Берлускони: Уште три години во Милан
Долгогодишниот сопственик и претседател на Милан Силвио Берлускони истакна дека не планира да го продаде клубот доколку новите сопственици немаат големи амбиции.
Некогашниот премиер на Италија ги презеде „росонерите“ и со големи вложувања ги издигна до самиот врв на европскиот фудбал.
Милан веќе неколку сезони постигнува лоши резултати што го натера Берлускони да размисли околу продажбата на клубот на некој кој може да вложи во засилување на составот.
„Јас одлучувам кој ќе го врати Милан на врвот, сакам да бидам претседател барем уште три години. За сега имам 12 понуди за продажба, а ако сегашните преговори со Кинезите не успеат ќе доведам млади италијански играчи во Милан“, нагласи Берлускони.
Тој сепак изрази дека има доверба во кинеската компанија која сака да го купи клубот од „Сан Сиро“.
„Кинескиот конзорциум има сериозни средства и им верувам. Сепак ако немаат намера да го одведат Милан во врвот, може и да се премислам и да не го продадам Милан“, нагласи Берлускони, кој зборуваше за кадровските решенија во клубот.
„На Алекс, Мексес, Боатенг и Балотели им истекува договорот, тие ќе заминат од клубот“, заврши Берлускони.