Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Лукаку го напушта Евертон: Сакам да освојувам трофеи

Центарфорот на Евертон Ромелу Лукаку даде јасно до знаење дека сака да си замине од клубот и порача дека е вистинско време да освојува трофеи.

Лукаку во текот на три сезони играње за „карамелите“ постигна 61 гол, но по уште една година без освоен трофеј, на управата ѝ стави јасно до знаење дека е незадоволен во Евертон, иако новиот сопственик најави огромни вложувања. 
„Дојдов до делот во кој морам да направам избор за продолжувањето на кариерата. Имаме нов инвеститор во Евертон и од пристојност ќе сослушам што има да каже, но јас веќе одлучив. Сакам да освојувам трофеи. Имав многу добра сезона, но време е да изградам репутација, затоа играм фудбал. Тој победнички менталитет го носам уште од Челзи“, изјави Лукака.
Напаѓачот од Белгија во текот на кариерата пред да го потпише петгодишниот договор со Евертон во јули 2014 година настапуваше за Андерлехт, веќе споменатиот Челзи и Вест Бромич албион.
Со Челзи го има освоено ФА Купот, додека со Андерлехт ја освои титулата, шампион на Белгија.
Претходните седмици интерес за 23-годишниот фудбалер покажаа Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, како и поранешниот клуб, Челзи.

 

Најнови вести