Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Ибрахимовиќ: Иднината е напишана, а одлуката донесена

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите центарфори на светот, изјави дека одлуката за својата иднина веќе ја донел и дека знае кој ќе биде клубот каде што ќе продолжи да настапува следната сезона.

На Ибрахимовиќ за неколку дена му истекува договорот со ПСЖ, а медиумите речиси целата сезона шпекулираа чиј дрес ќе продолжи да го носи најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Шведска во следната сезона.
Се доведуваше во конотација со извесното доаѓање на Жозе Мурињо во Мaнчестер јунајтед па англиските медиуми пренесоа дека Ибрахимовиќ заедно со Мурињо ќе дојде на „Олд Трафорд“.
„Ми недостига да работам со Мурињо од денот кога си заминав од Интер. Тој е тип на менаџер кој доколку сакате ќе ви доведе акција. Но, иднината е веќе напишана. Донесов одлука, но не ми е важно сè да биде готово пред Европското првенство. Истовремено уживам во она што го пишувате. Навистина е забавно“, изјави Ибрахимовиќ во кампот на националниот тим.
„Постои интерес за моите услуги од сите земји - Англија, Италија... Сите понуди се конкретни, па постојат многу алтернативи. Во моментов не се случува ништо, сега започнува ЕВРО“, заклучи 34-годиншниот Златан Ибрахимовиќ.

 

Најнови вести