Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2016

Куртуа: Останувам во Челзи

Голманот на Челзи Тибо Куртуа изјави дека нема намера да го напушти клубот, но и дека се надева дека новиот менаџер, Антонио Конте, ќе го врати клубот на патеката на успехот.

И  покрај тоа што Челзи оваа сезона ја заврши на 10-тата позиција  и тоа што „сините“ нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона, како и сè почестите шпекулации дека Реал Мадрид е заинтересиран за Куртуа, белгискиот голман истакна дека примарна цел му е останувањето во клубот и борбата за трофејот во Премиер лигата.
„Ова беше многу тешка сезона. Бев повреден, а кога се вратив на теренот не играв на највисоко ниво. Големо разочарување е што завршивме на 10-тото место, но имаме нов менаџер со кој следната сезона ќе ја нападнеме титулата во Премиер лигата. Имаме договор за уште три години и доколку не се случи нешто непредвидено, останувам во клубот“, изјави 24-годишниот голман.
Куртуа во текот на кариерата настапуваше за Генк и за Атлетико Мадрид, каде беше на позајмица токму од Челзи.
 За клубот од Лондон до сега запиша 57 настапи и ја освои Премиер лигата и Лига Купот.

Најнови вести