Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2016

Англија остана без Делф за ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Рој Хоџсон има големи проблеми со повредите на играчите пред Европското првенство во Франција.

Прво остана без Алекс Окслејд-Чемберлен и вториот стрелец на тимот во квалификациите, Дени Велбек, а сега на Европското првенство ќе мора да настапува и без Фабијан Делф.
Играчот за врска на Манчестер сити има проблеми со повредата на препоните, па покрај ЕП ќе го пропушти и пријателскиот натпревар со Австралија.
Хоџсон на списокот имаше наведено 26 фудбалери, а покрај Делф од списокот ќе отпише уште двајца.

Најнови вести