Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2016

Мурињо е нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо потпиша тригодишен договор со Манчестер јунајтед.

Мурињо договорот го потпиша во еден хотел во Лондон во присуство на еден од челниците на Јунајтед, Ед Вудворд.
Мурињо е без ангажман од декември, кога му беше доделен отказ од Челзи.
Португалскиот стручњак е еден од најуспешните тренери на денешнината, откако го предводеше Челзи до три титули во двата мандати на „Стемфорд бриџ“, а со Порто и со Интер ја освои Лигата на шампионите во 2004 година односно 2010 година. Под негово водство, Реал ја освои Примера во 2012 година, а неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ ќе доведе до обнова на големото ривалство со Пеп Гвардиола, кој ќе го преземе Манчестер сити.    
Мурињо на клупата го замени Луис ван Хал, на кој му беше доделен отказ на почетокот на оваа седмица. Јунајтед ја спаси оваа сезона со освојувањето на ФА Купот, а бидејќи не се избори за место во Лигата на шампионите, на „Олд Трафорд“ сметаа дека е време за промена.
Мурињо доаѓа на клупата на англискиот гигант 12 години откако ја освои Лигата на шампионите со Порто, кој на патот до титулата го исфрли токму Јунајтед.

Најнови вести