28.5.2016 Леброн прв по 50 години со шест финалиња по ред
Најдобриот кошаркар на Кливленд Леброн Џејмс ја одведе екипата од Охајо во второто последователно големо финале на НБА лигата.
Кавси во шестиот натпревар го победија Торонто со 113:87 и финалната серија на Источната конференција ја завршија со 4:2.
На Леброн ова ќе му биде шесто последователно финале и тој е осмиот кошаркар со ова достигнување, а прв во последните 50 години.
Џејмс ќе го игра своето седмо финале во 13 годишната кариера, а досега има две титули со Мајами.
Кој ќе му биде ривал на Кливленд може да биде познато уште вечерва, кога во шестиот натпревар во финалето на Западот се среќаваат Оклахома и Голден стејт (3-2).