Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2016

Навас ќе ја пропушти Копа Америка

Голманот на Костарика Кејлор Навас ќе ја пропушти Копа Америка поради повредата на ахиловата тетива, соопшти фудбалскиот сојуз на Костарика.

Наместо голманот на Реал Мадрид во националниот тим на Костарика е повикан голманот на Депортиво Сапариса, Дани Карвахал.
Навас со таа повреда имаше проблеми и порано, а според наводите на порталот „Гол“, постои можност повредата да се искомплицира доколку продолжи да игра.
Изостанувањето на Навас од Копа Америка е голем удар за Костарика, која на тоа натпреварување ќе игра во Групата А со селекциите на САД, Парагвај и Колумбија.
На првиот натпревар на овогодинешната Копа Америка, Костарика ќе игра против Прагвај на 4-ти јуни.

Најнови вести