Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2016

УЕФА го исфрли Скендербег од Европа

Шампионот на Албанија Скендербег од Корча соопшти дека УЕФА го суспендирала на една година поради местење натпревари.

Во соопштението на Скендербег се наведува дека „УЕФА неправедно го суспендирала клубот од европските натпреварувања за сезоната 2016/17“.
Скендербег е шампион на Албанија шест пати по ред.
УЕФА ја започна истрагата во неколку национални првенства по неколку сомнителни резултати.
„Сигурни сме дека правата кои ни ги скрати УЕФА ќе ги врати пред Судот за спортска арбитража“, наведе клубот и додаде дека ги ангажираше адвокатите специјализирани за застапување пред арбитражниот суд во Лозана.
Клубот претходно наведе дека истрагата е покрената на основа на информација добиена од обложувачките компании, навивачите и медиумите. 

Најнови вести