14.6.2016 Русија доби опомена пред исклучување од Евро
Фудбалската репрезентација на Русија ја доби последната опомена пред исклучување од Европското првенство поради дивеењето на нејзините навивачите.
Русите од УЕФА добија така наречена „суспендирана дисквалификација“ која ќе се активира доколку се повторат било какви инциденти.
Предупредувањето од УЕФА стигна само неколку часови откако во Кремљ беше најавено дека сите спортски функционери и сојузи мораат да вложат максимален напор за навивачите на Русија да не прават инциденти на Европското првенство.
Навивачите на Русија учествуваа во бројни конфликти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија, беа забележани страшни сцени на насилство, а Франција одлучи притворените да ги депортира од земјата.
Русија следниот натпревар ќе го игра утре во 15:00 часот во Лил против Словачка.