Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2016

Фегули е нов фудбалер на Вест хем

Софијан Фегули од следната сезона ќе игра за Вест хем, потврдија челниците на клубот од Лондон.

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на Алжир стигнува во Вест хем како слободен играч.
„Многу сум среќен што доаѓам во Премиер лигата и што ќе соработувам со Славен Билиќ. Мислам дека ова е голем чекор напред во мојата кариера“, изјави Фегули .
Тој минатата сезона одигра 21 натпревар за Валенсија во Ла Лига и притоа постигна еден гол.

Најнови вести