Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2016

Иниеста: Десетка за играчите и навивачите

Играчот за врска на Шпанија Андрес Иниеста ги пофали соиграчите по победата над Турција во второто коло од Групата Д на Европското првенство во Франција.

Шпанците ја совладаа репрезентацијата на Турција со резултат од 3-0 и обезбедија пласман во осминафиналето, иако имаат уште еден натпревар во групата.
„Црвената фурија“ ја брани титулата на европскиот шампион и го продолжи рекордот бидејќи на седум натпревари во низа нема примено гол на континенталниот шампионат, а ова беше веќе 14-ти натпревар по ред на кој не се поразени.
„Како што се одвива натпреварувањето, ние мораме да продолжиме да напредуваме, да продолжиме да правиме добри работи и да ги елиминираме оние лошите. Тоа го сторивме денес. Против Чешка беше тешко да имаме прав интензитет, но работите си дојдоа на свое место по првиот гол, по кој успеавме да ја задржиме топката“, изјави Иниеста.
Иако има 32 години, маестрото од Барселона игра фантастично, втор пат е прогласен за играч на натпреварот и станува легитимен кандидат да ја одбрани титулата играч на турнирот која ја заработи по фантастичните партии на првенството во Полска и Украина пред четири години.
„Секоја чест на моите соиграчи, заслужија десетка, а исто и навивачите чија поддршка е неверојатна“, заклучи Иниеста.

Најнови вести