Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2016

Витцел: Вака мораме и со Шведска

Белгискиот репрезентативец Аксел Витцел е многу среќен по победата на својот тим во второто коло на Евро 2016.

Белгија по поразот од 2-0 од Италија ја победи Република Ирска со 3-0, а фудбалерот на Зенит беше стрелец на вториот погодок во 61 минута.
На следниот натпревар Белгија ќе игра со Шведска која во првото коло ремизираше со Република Ирска, а потоа загуби минимално од Италија.
„Целиот тим играше многу добро, тоа ни беше потребно после тешката седмица. Сите можат да бидат среќни по прикажаното. Целта ни беше да ги освоиме трите бода, а на наредниот натпревар мораме исто да одиграме. Навивачите многу ни помогнаа, им благодариме за поддршката, оваа победа е за нив“, изјави Витцел по натпреварот.

Најнови вести