Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Розберг се врати со победа во Баку

Возачот на Мерцедес Нико Розберг е победник на осмата трка на овогодинешниот шампионат на Ф1 на Големата награда на Европа.

Розберг на првата трка која беше возена во Баку дојде до петтата победа оваа сезона, а 19-та во својата кариера, по водството од стартот до целта.
Второто место го зазема Себастијан Фетел од Ферари, додека на третата скала на победничкиот пиедестал се најде возачот на Форс Индија, Серхио Перез.
По три лоши трки, Розберг се врати на вистинскиот начин, со една од своите најубедливи победи. Германецот стартуваше одлично, успеа да се одбрани од нападот на возачот на Ред Бул Даниел Рикардо и од тогаш никој не го предизвика во борба за триумфот.
Фетел беше најблиску до Розберг, со 17 секунди заостанување, бидејќи успеа да го престигне Рикардо по неколку кругови, но сонародникот веќе му избега.
Убедливо најголема борба видена за третото место од која како победник излезе Перез, претекнувајќи го Кими Раиконен во другиот болид на Ферари во последниот круг. Младиот Мексиканец возеше одлично од самиот старт на тркачкиот викенд во престолнината на Азербејџан и дефинитивно го заслужи епитетот на еден од јунаците на трката.

Најнови вести