Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Дешамп: Можеме и подобро

Селекторот на Франција Дидие Дешамп по ремито со Швајцарија истакна дека и тој знае дека неговиот тим може и подобро.

Двете селекции одиграа без голови во Лил што Французите ги остави на првото место во Групата А пред осминафиналето.
„Знам дека можеме многу подобро, но за нас почнува друго натпреварување. Имаме седум дена да се подготвиме. Имавме подобри шанси од нив, со малку среќа можевме и да победиме. Мораме повеќе да ја контролираме играта и помалку да се браниме. Нивниот голман беше играч на натпреварот, тоа кажува сè“, изјави Дешамп. 
Еден од најдобрите во тимот на Франција беше Пол Погба кој во првите 20 минути имаше три одлични шутеви и два пати ја погоди пречката.
„Во првото полувреме бевме многу силни, создадовме многу шанси, во второто полувреме им дозволивме да играат повеќе и им оставивме многу повеќе простор. Генерално беше добар натпревар“, изјави Погба. 
Франција го чека расплетот во борбата за најдобра трето пласирана селекција во групите Ц, Д и Е.

Најнови вести