Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Бејл: Ја освоивме групата, што повеќе?

Герет Бејл смета дека го одигра најдобриот натпревар за Велс во својата репрезентативна кариера.

Бејл постигна гол и учествуваше во акцијата во убедливата победа над Русија со 3-0.
Велс така ја освои Групата Б и за прв пат по 66 години ќе игра во втората фаза од некое натпреварување.
„Знаевме дека сè е во наши раце, се договоривме да одиграме така за потоа да не жалиме. Ова ми е веројатно најдобриот настап за Велс. Ја освоивме групата, што може повеќе да се очекува? Едвај чекаме да го дознаеме следниот ривал“, изјави Бејл.
Селекторот на Велс Крис Колман од овој тим очекува слични резултати и во иднина.
„Кога овој турнир ќе заврши, оваа група од момци ќе биде на патот да стори нешто големо. Среќен сум што сум дел од овој тим. Не се плашиме од никого, а по оваа игра зошто би се плашеле?“, изјави Колман.
Велс во осминафиналето ќе игра со најдобро третопласираниот тим од групата А, Ц или Д, во комбинација се Албанија, Полска, Северна Ирска, па и Германија,а тука се и Хрватска, Чешка и Турција.

 

Најнови вести