Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Слуцки ја напушта клупата на Русија

Селекторот на Русија Леонид Слуцки нема повеќе да биде на функцијата по Европското првенство.

Русија разочара во Франција во завршницата на групната фаза со сè на сè еден бод и два постигнати гола. 
„Сакам да им се извинам на навивачите, посебно за овој натпревар. Тие кои нè бодреа не го заслужија она што им го покажавме. Јас сум виновен затоа што кога тимот ќе одигра вака тренерот е одговорен“, изјави Слуцки.
Тој ја презема Русија во квалификациите за ЕВРО и отпишаниот тим со четири победи во низа го доведе во Франција.

Најнови вести