Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Во осминафиналето Словачка, Северна Ирска, Унгарија

Резултатите од последното коло во Групите Ц и Д донесоа уште три натпреварувачи во осминафиналето на Европското првенство.

Понатаму поминаа Словачка, Северна Ирска и Унгарија, додека во игра како најдобро трето пласирани се уште и Турција која го чека расплетот во групите Е и Ф.
Како две најдобри селекции во групите поминаа Франција, Швајцарија, Велс, Англија, Германија, Полска, Хрватска и Шпанија.
Италија порано го потврди пласманот во втората фаза, а благодарејќи на резултатите од средата и Унгарија, иако треба да игра уште еден натпревар.
Денес може да им се придружи Белгија, ако не загуби од Шведска, Португалија ако не загуби од Унгарија и Исланд доколку не загуби од Австрија.
Победи им се неопходни на Швеѓаните, Ирците и на Австријците, а елиминирани се Романија, Русија, Украина и Чешка.

 

Најнови вести