Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Хрватска ја прати Шпанија против Италија

Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Шпанија со 2-1 во последното коло од Групата Д и го прати двократниот по ред првак на Европа против Италија во осминафиналето.

Јунак на победата на Хрватска беше Иван Перишиќ со голот од контра во 87-та минута.
Освен потешката работа во првата рунда од нокаут фазата, „црвената фурија“ по поразот, прв на ЕВРО натпреварите по 14 натпревари, сега се наоѓа во истата половина со Германија, Англија и Франција.
Ништо не наговестуваше ваков развој на настаните во Бордо, откако Алваро Мората веќе во седмата минута ја круниса акцијата на својот тим за водство. Хрватите продолжија да ја играат својата игра, иако без петмина од стандардните играчи, за до изедначувањето да стигнат во последните моменти на првото полувреме со погодокот на Никола Калиниќ. 
Хрватска успеа да изедначи во вистинскиот момент. Перишиќ ја донесе топката во казнениот простор, а на првата статива најподготвен беше Калиниќ кој со надворешниот дел на стапалото ја проследи во мрежата. Тоа беше првиот гол кој Шпанија го прими на ЕП по 734 минути.
Големи возбудувања имаше и во второто полувреме, а особено во 72-та минута кога Субашиќ го одбрани ударот на Серхио Рамос од 11 метри.

Најнови вести