Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Рома го откупи Ел Шарави од Монако

Рома одлучи да ја активира можноста да го откупи напаѓачот Стефан Ел Шарави од Милан.

„Денес е навистина голем ден за мене бидејќи станав играч на Рома во секој поглед. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Џејмс Палота, спортскиот директор Валтер Сабатини, тренерот Лучијано Сплаети, на моите соиграчи и на сите во Рома што од првиот ден веруваа во мене“, изјави 23-годишниот Ел Шарави за интернет страницата на клубот.
„Посебно им се заблагодарувам на навивачите на ’жолто-црвените’ кои топло ме пречекаа и прифатија. Заедно ќе постигнеме големи работи“, додаде тој.
Напаѓачот во јануари дојде како позајмен играч, а откупната клаузула изнесуваше 13 милиони евра. 
Рома се обидуваше да добие попуст или во склоп на договорот да добие уште некој играч, но денес потврди дека платила 13 милиони евра, а договорот е потпишан на четири години. 
„Малиот фараон“ имаше големо влијание на играта на Рома, откако во 16 одиграни натпревари во Серија А постигна осум голови.
Тој во моментов е дел од составот на репрезентацијата на Италија кој се натпреварува на Европското првенство во Франција.

Најнови вести