Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Рамос: Италија? Ако сакаш да бидеш шампион...

Дефанзивниот играч на Шпанија Серхио Рамос изјави дека неговата репрезентација мора што побрзо да заборави на поразот од Хрватска и од него да извлече поука.

Шпанците беа поразени со 2-1 по пресврт и по серијата од 14 натпревари без пораз на европските првенства.
„Мораме да завртиме нов лист и да извлечеме заклучоци од ова за да не ни се повтори. Нè чека Италија и веќе размислуваме околу тој натпревар. Ако сакаш да бидеш шампион мораш да ги победиш сите“, изјави Рамос.
Дефанзивецот на Реал имаше шанса да ѝ ја донесе победата на Шпанија, но во 72-та минута Даниел Субашиќ му одбрани пенал.
„Голманот излезе пред да шутнам, но подобро што се случи сега отколку во нокаут фазата. Натпреварот беше чуден. Доминиравме, имавме шанси, водевме, а потоа сето тоа го испуштивме“, додаде Рамос.
Освен Шпанија и Италија во истиот дел од нокаут фазата на ЕП е првакот на светот, Германија, домаќините, Франција и селекцијата на Англија.
„Сега мораме да играме со тимовите кои се фаворити, но и таквите натпревари мораме да ги добиеме ако сакаме да ја освоиме титулата. Ова ЕП докажува дека било кој може да победи, мораме де работиме натпревар по натпревар“, Заклучи дефанзивниот играч на Шпанија.

 

Најнови вести