Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

И Интер во трка по капитенот на Словачка Шкртел

Фудбалерот на Ливерпул Мартин Шкртел е желба на миланскиот клуб Интер, пренесува „Калчомеркато“.

Како што се наведува, дефанзивниот играч на Ливерпул речиси е извесно дека ќе го напушти „Енфилд роуд“ ова лето, а италијанскиот клуб се вклучи во трката за словачкиот репрезентативец.
„Наскоро ќе знаеме повеќе. Многу клубови се заинтересирани за него. Меѓу кои и Интер кој исто така претставува конкретна можност“, изјави агентот на Шкртел, Карол Ксоно.
Во текот на кариерата Шкртел настапуваше за Тренчин и Зенит, пред да дојде во Ливерпул во јануари 2008 година. 
До сега за клубот од Англија запиша 319 настапи, постигна 18 голови и го освои Лига купот.
Претходните седмици голем интерес за 31-годишниот дефанзивец покажаа турските клубови Фенрбахче и Бешикташ.

Најнови вести