Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Чиле преку Колумбија до финалето и Арегентина

Фудбалерите на Чиле ја победија репрезентацијата на Колумбија со 2-0 во Чикаго и се пласираа во финалето на Копа Америка каде ги чека селекцијата на Аргентина.

Чилеанците до големото финале стигнаа со головите во првите 15 минути- Арангуиз погоди во седмата минута, а веќе во 11-тата конечниот резултат го постави Фуензалида.
Колумбија во продолжението имаше шанси, но од 57-та минута играше без клучниот играч Санчез, па Чиле рутински го доведе мечот до крај.
Минатата година Чиле за прв пат во својата историја ја освоија титулата на Копа Америка, па сега ќе има можност да го одбрани трофејот против Меси и останатите „гаучоси“.
Успехот на Чиле добива уште повеќе на значење кога ќе се земе во обѕир дека играа без суспендираниот, Артуро Видал и повредениот Марсело Дијаз.

Најнови вести