Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Роналдо: Шансите во осминафиналето се 50-50

Фудбалерот на Португалија Кристијано Роналдо изјави дека ја почитува селекцијата на Хрватска, но истакна дека тој и неговите соиграчи ќе се борат за пласманот во четврт-финалето од ЕП.

„Шансите во осминафиналето се 50-50. Ги видовме најбитните детали од нивниот натпревар со Шпанија. Не се случува секој ден да ја победиш Шпанија. Ја почитуваме Хрватска, но ја знаеме и нашата сила, нема да ја спуштиме главата, ќе се бориме за да поминеме понатаму“, изјави Роналдо.
Фудбалската репрезентација на Португалија и Унгарија одиграа нерешено 3-0, во последното коло од Групата Ф на Европското првенство во Франција.
Португалија во осмина финалето се пласираше на третото место во групата и ќе игра против Хрватска.
„Сакавме да ја победиме Унгарија, не успеавме, но најважно е дека се пласиравме во осмина финалето. Успеавме. Ова беше луд натпревар, со многу напади и голови... Јас сум задоволен. Три пати мислевме дека сме елиминирани, но успеавме да се вратиме“, изјави Роналдо кој е прогласен за најдобар играч на натпреварот.
Кристијано Роналдо против Унгарија настапи 17-ти пат на европските првенства и стана играч со најмногу натпревари на континенталното натпреварување. Тој го престигна Едвин ван дер Сар и Лилијан Турам.
Роналдо на Унгарците им даде два гола и така стана првиот фудбалер во историјата кој постигна гол на четири различни европски првенства.

Најнови вести