Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Гриезман верен на Атлетико Мадрид до 2021 година

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид Антоан Гриезман го продолжи договорот со клубот до 2021 година, објави денес на официјалната интернет страница Атлетико Мадрид.

На францускиот напаѓач претходниот договор му истекуваше во 2020 година, но тој одлучи да ја продолжи соработката со Мадриѓаните.
Гриезман во текот на кариерата ги бранеше боите на Реал Сосиедад, од кој во 2014 година стигна во Атлетико Мадрид. Веќе во првата сезона стана прв стрелец на тимот со 25 голови во сите натпреварувања, додека минатата сезона дополнително го подобри голгетерското конто со 32 погодоци. 
„Многу сум среќен што го продолжив договорот. Сакам да напредувам секоја година, а тренерот и соиграчите ми помагаат да ја постигнам својата цел. Клубот сака да го задржи високото ниво на игра и се надевам дека ќе продолжиме со развојот“, изјави 25-годишниот напаѓач за интернет страницата на клубот.
Гриезман со мадриѓаните го освои Суперкупот на Шпанија, додека во финалето на овогодинешната Лига шампиони беше поразен по пенали од Реал Мадрид.
За репрезентацијата на Франција запиша 29 настапи со осум голови.

Најнови вести