Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Македонија на Светското првенство против Шпанија, Исланд и Тунис

Ракометната репрезентација на Македонија денес ги дозна противниците за Мундијалот кој ќе се игра следната година во Франција.

По ждрепката која се одржа во Париз, Македонија е во Групата Б и избраниците на Лино Червар добија тешка задача кога за противник ја добија репрезентацијата на Шпанија. Ги избегна репрезентациите на Хрватска и Полска,но сепак тешки противници во групата се незгодниот Исланд, како и селекцијата на Тунис која пред само неколку месеци ѝ зададе тежок удар на македонската репрезентација на квалификациите на Олимписките игри.

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка
Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола
Група Ц: Германија,Хрватска,Белорусија, Унгарија, Чиле
Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина

Пласман во втората фаза ќе обезбедат четирите првопласирани репрезентации од групите, за Македонија ова би можело да биде петто учество на Мундијалите, а најдобриот пласман го оствари во Катар каде заврши на деветтото место.
Мундијалот ќе се игра во Франција од 11-ти до 29-ти јануари следната година, а трофејот ќе го бранат домаќините кои го освоија Светското првенство во Катар 2015 година.

Најнови вести