Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2016

Аспиликуета ќе го замени Алвеш во Барселона

Десниот бек на Челзи и шпанскиот репрезентативец Сесар Аспиликуета е голема желба на Барселона, пренесува „АС“.

Шпанскиот весник пренесува дека управата на Каталонците го гледа Аспиликуета како идеална замена за Дани Алвеш, за кој е сè поизвесно дека ќе биде засилување на Јувентус.
Сепак, проблем за Барселона би можело да биде тоа што шпанскиот дефанзивен играч се наоѓа на листата на Баерн Минхен, ПСЖ, но и на Атлетик Билбао.
Барселона првично покажа голема заинтересираност за Ектор Белерин од Арсенал, но од лондонскиот клуб истакнаа дека тој не е на продажба, што ги натера Каталонците да се свртат кон друга можност и тоа кон Сесар Аспиликуета за чиј услуги би издвоиле околу 18 милиони евра.
Шпанскиот весник „АС“ исто така наведува дека Унаи Емери, кој најверојатно ќе го преземе ПСЖ, го сака Аспиликуета додека новиот тренер на Баерн, Карло Анчелоти, од претходно е запознаен со квалитетите на 26-годишниот дефанзивец.
Во текот на кариерата Сесар Аспиликуета настапуваше за Осасуна, Олимпик Марсеј, пред во август 2012 да дојде во Челзи со кој има освоено три титули во Премиер лигата, Лига купот и Лига Европа.

Најнови вести