Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2016

За Зенит 55, а за Хулк 20 милиони евра од Шангај СИПГ

Бразилецот Хулк ќе го напушти Зенит и ќе помине во Шангај СИПГ со трансферот тежок 55 милиони евра.

Кинескиот клуб соопшти дека Хулк денес ќе замине на медицински прегледи и ќе биде промовиран во првото големо засилување на азиското тло во летниот преоден рок.
Хулк во новиот клуб ќе заработува неверојатни 20 милиони евра по сезона.
Дваесет и две годишниот напаѓач по четири години го напушта Санкт Петербург, каде беше прва ѕвезда во тимот, а постигна 75 голови на 144 натпревари.
Во Шангај, чиј тренер е Свен-Јоран Ериксон, ќе го пречека сонародникот Елкесон, Асамоа Гијан од Гана и Аргентинецот Дарио Конка.

Најнови вести