Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2016

Скендербег исфрлен, Партизани на негово место

Судот за спортската арбитража во Лозана го потврди исфрлувањето на албанскиот клуб Скендербег од квалификациите за Лигата на шампионите поради местењето на натпревари.

На местото на оваа екипа во квалификациите ќе игра вицешампионот на Албанија, Партизани.
Тимот од Тирана веќе го одигра својот прв натпревар во квалификациите за Лигата на Европа со Слован (0-0), па така тимот од Братислава оди директно во следната фаза, а Партизани ќе се сретне со Ференцварош на 14-ти и 21-ви јули.
ЦАС наведе дека во итната пресуда ја поддржа одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го исфрли шампионот од квалификациите за Лигата на шампионите.
Скендербег, додека траеше постапката, беше влезен во второто коло од квалификациите, во кое на 12-ти и 20-ти јули требаше да игра против шампионот на Унгарија, Фернцварош. УЕФА го суспендираше Скендербег од меѓународните натпреварувања за сезоната 2016/17 поради местење на натпревари на домашните и на европските натпреварувања.
Албанскиот клуб порано соопшти дека истрагата е покрената на основа на информациите добиени од обложувачките компании, навивачите и медиумите.