Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2016

Ниту Халеп не оди во Рио поради вирусот Зика

Тој вирус се појави пред три години во Бразил, а од тогаш се забележани случаи во повеќе од 60 земји. Вирусот Зика се пренесува преку комарец и најмногу влијае на трудници, поточно на нероденото бебе, кај кои доведува до дефекти.

„Причината за мојата одлука е загриженоста поради опасноста која ја претставува вирусот Зика. По разговорот со лекарите и моето семејство, заклучив дека ризикот е преголем, како за мојата кариера, така и за моето здравје, особено дека сум жена. Семејството ми е премногу битно и не можам да ризикувам да го немам кога ќе ја завршам мојата тенисерска кариера“, изјави Халеп.
Олимписките игри во Рио започнуваат на 5-ти и ќе траат до 21-ви август.

Најнови вести