Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2016

Примера воведува зимска пауза

Шпанската Примера за прв пат воведува зимска пауза во текот на сезоната, одлучија челниците на натпреварувањето.

Така фудбалерите ќе имаат пауза од три седмици во текот на зимата, досега одмараа само еден викенд во текот на новогодишните празници.
Првиот дел во сезоната во Примера ќе се игра до 18-ти декември, а потоа следи пауза до 6-ти јануари. 
Според пишувањата во медиумите, одлуката е донесена бидејќи по завршувањето на сезоната фудбалерите нема да имаат обврски во репрезентациите поради големите натпреварувања. Минатата сезона немаше зимска пауза, а натпреварите се играа на 31-ви декември, како и од 2-ри до 4-ти јануари. Примера ќе започне на 21-ви август, а титулата ја брани Барселона.

Најнови вести