Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

Свонси доведе голман од Австралија

Австралискиот голман Марк Биригити потпиша двегодишен договор со Свонси, објави велшкиот клуб.

Дваесет и пет годишниот Бригити во Свонси стигнува од Њукасл џетс, а минатата сезона се најде во најдобриот тим на австралиската А Лига.
Австралиецот во претстојната сезона за местото меѓу стативите ќе се бори со Лукаш Фабијански, Кристофер Нордфелт и Герхард Тремел.
„Додека растев многу гледав англиски фудбал и играњето во Англија е нешто што сакав да го остварам во текот на кариерата. Пред да дојдам, знаев дека во клубот ме чека голема конкуренција. Но мојот план е да одам тренинг по тренинг и да бидам подобар од останатите. Морам да се подготвам кога шансата ќе дојде, да ја прифатам и да не се вртам“, изјави Биригити.
Свонси не е првиот европски клуб за кој ќе игра Биригити, бидејќи минатата сезона помина шест месеци како позајмен играч во Варезе. 
Свонси, Марк Биригити, Њукасл џетс, Варезе

Најнови вести