Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

Раниери: Шансите за титулата сега ни се 6000:1

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери е свесен дека одбраната на титулата во Премиер лигата претставува уште поголема сензација од онаа која беше приредена минатата сезона.

„Нашиот базичен концепт е да започнеме од нула. Ја освоивме титулата, беше одлично, тоа е единствен подвиг, но сега вртиме нова страница.
Ако на почетокот на минатата сезона шансите ни беа 5000:1 да ја освоиме титулата, сега тоа е 6000:1. 
Нашата стартна цел е освојување на 40 бодови и опстанок во лигата. Кога еднаш ќе го реализираме тој план, потоа можеме да ги подигнеме очекувањата. Пласман во горната половина на табелата, заминувањето во Лигата на Европа, местото во Лигата на шампионите. Можеби и да освоиме трофеј во некој од петте натпреварувања во кои ќе учествуваме. Одиме чекор по чекор“, изјави Раниери.

Најнови вести