Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

Љајиќ во Торино за 8,5 милиони

Репрезентативецот на Србија Адем Љајиќ вчера вечерта потпиша договор со Торино до 2020 година.

Неговиот трансфер од Рома беше најавуван подолго време, а беше реализиран откако клубот од Рим постави ултиматум за 24-годишниот фудбалер конечно да донесе одлука, или преговорите ќе запрат. 
Висината на трансферот на Љајиќ, кој минатата сезона играше како позајмен играч во Интер, е 8,5 милиони евра.
„По разговорот со тренерот Михајловиќ, немавме намера да се откажеме од доведувањето на Љајиќ, тој беше една од нашите главни мети“, изјави претседателот на клубот Урбано Каиро. 
Освен што во Торино повторно ќе соработува со Синиша Михајловиќ, соиграч ќе му биде и Шпанецот, Јаго Фалке, кој дојде заедно со него од Рома, но како позајмен играч.
„Сакам да му се заблагодарам на раководството на клубот што сторија сè за да ме доведат. Воедно, среќен сум што повторно ќе работам со Синиша Михајловиќ, тренерот кој беше многу важен во мојата кариера и секогаш веруваше во мене“, изјави Љајиќ за интернет страницата на клубот.

Најнови вести