Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Сантос награден со засилен договор

Селекторот на новиот првак на Европа репрезентацијата на Португалија Фернандо Сантос го продолжи договорот до 2020 година, соопшти националниот сојуз.

Сантос е награден со подолг и финансиски посилен договор откако со Португалија го освои Европското првенство во Франција. 
Тој бидејќи сакаше да остане на оваа функција ја одби богатата понуда на Пекинг Гуан од осум милиони евра по сезона. 
Сантос клупата на националниот тим ја презема во септември 2014 година и неполни две години подоцна го оствари најголемиот резултат во историјата на португалскиот фудбал.
Претходно ја водеше репрезентацијата на Грција, ПАОК, Бенфика, АЕК од Атина, Спортинг Лисабон, Панатинаикос, Порто и Есторил.

Најнови вести