Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Лестер го чува капитенот до 2019 година

Капитенот на Лестер Вес Морган потпиша нов договор со кој во редовите на шампионот на Англија ќе остане до јули 2019 година.

Триесет и две годишниот дефанзивен играч ги одигра сите натпревари минатата сезона која беше крунисана со историската титула за Лисиците.
Морган во Лестер стигна во јануари 2012 година од Нотингем Форест и од тогаш запиша 182 настапи во Премиер лигата.
„Одлично е чувството да се посветиш на својата иднина во Лестер. Сите овде знаат како се чувствувам за овој клуб. Моментот кога го подигнав трофејот на шампионот на Премиер лигата е нешто што нема никогаш да го заборавам и што сè уште во целост не го сфатив. Сега мораме да дадеме сè од себе да ја одбраниме титулата, како и да покажеме што знаеме во Лигата на шампионите“, истакна Морган.
Напаѓачот, Џејми Варди, исто така потпиша нов договор со Лестер, но Нголо Канте го напушти клубот, а уште траат шпекулациите околу тоа дали Ријад Марез ќе остане. Меѓутоа, менаџерот Клаудио Раниери истакна дека Марез сака да остане.

Најнови вести