Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Директен црвен картон за пцовка

Премиер лигата, Фудбалската лига и Фудбалската асоцијација на Англија објавија нови правила со кои планираат да се изборат со нетолерантното однесување на фудбалерите и менаџерите.

Англиските фудбалски челници истакнаа дека лошото однесување стигнало до неприфатливи граници во последните четири години.
По новите правила, црвениот картон ќе им биде покажан на фудбалерите кој ќе влезат во расправија со судиите и во таа прилика се послужат со пцовки.
Со тоа, однесувањето во техничкиот простор исто така остро ќе се казнува.
Новата сезона во Премиер лигата започнува на 13-ти август.

Најнови вести