Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Циченато е суспендиран на 18 месеци поради местење на натпревари

Италијанскиот тенисер Марко Циченато е суспендиран на 18 месеци и казнет со 40.000 евра поради местење на натпревари, објави националниот Сојуз.

Циченато се наоѓа на 143-тото место на АТП листата,а е четвртиот рекет на Италија, но трет кој се соочува со санкции во врска со илегалното обложување по Рикардо Акарди и Антонио Камп.
Дваесет и тригодишниот тенисер е обвинет дека го наместил натпреварот против Полјакот, Камил Мајчрзак во Мароко минатиот октомври, со цел да заработи пари од обложување.
Истото тоа го сторил и во дабл натпреварот кога играше во пар со Лука Вани против Сергеј Бетов и Михаел Елџин, исто така во 2015 година.
Циченато има право на жалба и ако не го стори тоа ќе биде надвор од теренот до 17-ти јануари 2018 година.

Најнови вести