Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

МЗТ добија повик за Европкупот

Поради откажувањето на учеството на италијанските клубови, повик за Еврокупот добија Фуенлабрада и МЗТ Скопје.

Шпанскиот клуб според пишувањата на „Спортанд“ го прифати предлогот на второто по сила европско натпреварување, додека македонскиот клуб сè уште не се одлучи дали му одговараат условите.
„Потврдувам дека добивме повик за да играме во Еврокупот како шампиони на Македонија и во АБА лигата“, изјави директорот на МЗТ.
„Изненадени сме од поканата и подоцна ќе одлучиме дали ќе играме во Еврокупот или само во АБА лигата“, додаде Секуловски.
Еврокупот е во потрга за четири тимови кои ќе ги заменат италијанските Реџо Емилијано, Динамо Сасари, Тренто и Канту кои се повлекоа поради се поголемиот притисок и најверојатно ќе играат ФИБА во Лигата на шампионите.

Најнови вести