Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Естонецот Рагнар Клаван го засили Ливерпул

Фудбалерот од Естонија Рагнар Клаван, досегашниот член на Аугсбург, потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул, соопштено е на официјалната интернет страница на клубот.

Искусниот 30-годишен дефанзивен играч во текот на кариерата настапуваше за Тулевик, Флора Талин, Валеренга, Хераклес и АЗ Алкмар пред во 2012 година да пристигна во Аугсбург. 
„Навистина ми е чест да бидам дел од овој неверојатен клуб. Тешко ми е да опишам со зборови, бидејќи мојот сон беше да дојдам во Премиер лигата и да бидам дел од овој неверојатен клуб. Премиер лигата е најатрактивната лига на светот, со неверојатни играчи. Ова е домот на фудбалот“, изјави Клаван за интернет страницата на клубот.
Дресот на репрезентацијата на Естонија го носеше на 112 настапи и три пати се запиша во листата на стрелците.
Клаван е петтото засилување на Ливерпул ова лето, бидејќи клубот претходно го засилија голманот Лорис Кариус, Жоел Матип, Садио Мане и Марко Грујиќ.

Најнови вести