Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Со многу мака и среќа Динамо го елиминираше Вардар

На гостувањето кај Динамо Загреб на „Максимир“, Вардар загуби со 3-2 и со вкупни 5-3 е елиминиран од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак во двојниот натпревар со Динамо беше рамноправен противник, водеше со 0-1 и 1-2, но сепак победи хрватски Динамо. 
Најголемата заслуга за победата на хрватите и конечната победа од 3-2 ја имаше Марко Пјаца, кој против нашиот шампион го одигра својот последен натпревар во дресот на Динамо, тој постигна два извонредни гола и запиша една асистенција.
Менаџерот на Вардар по натпреварот не го криеше разочарувањето и покрај добрата игра на својот тим.
„Не можам да им замерам на своите фудбалери, одиграа храбро. Покажавме дека можеме да се спротивставиме и да се носиме со тим каков што е Динамо. Имавме шанси, водевме два пати , а потоа Динамо израмни од два пенали. Кога сè ќе се собере мислам дека заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Одиме понатаму. Му честитам на Динамо и му посакувам многу успех во следната фаза од Лигата на шампионите“, изјави Седлоски.

Најнови вести