Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2016

Лопетеги е новиот селектор на Шпанија

Поранешниот голман на Барселона Хулен Лопетеги е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Шпанија, соопшти националниот сојуз.

Досегашниот тренер на Порто на клупата на Шпанија доаѓа по неуспехот на Европското првенство во Франција и елиминацијата во осминафиналето како и заминувањето на Висенте дел Боске.
Шпанскиот сојуз му ја подари својата доверба на Лопетеги откако со младата селекција беше првак на Европа во 2012 и 2013 година.
Предноста на Лопетеги е што го познава тимот бидејќи во младите категории работеше со Давид де Хеа, Марк Бартра, Тијаго Алкантара, Алваро Мората, Иско, Коке...
Од друга страна, Лопетеги нема премногу искуство со работата во сениорскиот фудбал, а покрај Порто уште го водеше и Рајо Валјекано.

Најнови вести