Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2016

Рапид е исфрлен од романската лига

Фудбалскиот клуб Рапид Букурешт е исфрлен од првата лига на Романија поради банкрот.

„Иако Рапид на теренот се избори за правото да се натпреварува, од правна гледна точка тоа едноставно не е возможно“, изјави секретарот Стефан Јустин. 
Рапид минатата сезона преку втората лига се избори за враќање во највисокиот ранг на натпреварувањето, но сепак нема да може да игра.
Судот во Букурешт кон средината на јуни го прогласи банкротот на Рапид, кој веќе со години се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Клубот се жалеше, а конечната одука ќе биде донесена на 24-ти август.
Клубот е во стечај од 2012 година, со долг од околу четири милиони евра. Тренерот на Рапид, Дан Алекс, претходно оваа седмица го напушти тимот со зборовите дека клубот има минимални шанси да опстане.
Рапид е основан од работниците на железницата во романската престолнина во 1923 година. Овој клуб три пати беше шампион во државата, а има освоено 13 национални купови.