Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2016

Го собори светскиот рекорд, а не оди во Рио

Американската атлетичарка Кендра Херисон е новата светска рекордерка во трката на 100 метри со препреки.

Таа во Дијамнтската лига во Лондон трчаше 12,20 секунди со што го помина резултатот стар 28 години кој беше во сопственост на Бугарката, Јорданка Донков.
Меѓутоа, Херисон нема да има шанса овој рекорд да го поправи во Рио следниот месец, бидејќи не се квалификуваше на Олимписките игри!
Оваа 23-годишна спринтерка беше шеста на американските квалификации, па свесна од тоа што пропушта заплака по трката во Лондон.
„Не успеав да влезам во олимпискиот тим и сè што сакав е овде да покажам што навистина можам. Во себе имав одмазднички жар изјави Херисон.

Најнови вести